Организацијата на воените ветерани на ОВК и граѓаните го пречека Тачи на преминот Врбница, од каде што дојде од Албанија.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој беше сослушуван четири дена пред Специјалниот суд за злосторства на ОВК во Хаг, вчера пристигна во Косово, каде беше пречекан од граѓаните кои извикуваа „ОВК, ОВК“.

Организацијата на воените ветерани на ОВК и граѓаните го пречека Тачи на преминот Врбница, од каде што дојде од Албанија.

Тачи излегол од автомобилот и пречекал голема група луѓе, објави „Газета експрес“.

Тој претходно слета во Тирана со авион што го донесе од Хаг.

Тачи најави дека денес ќе се обрати пред јавноста во врска со сослушувањето во Специјалното јавно обвинителство во Хаг, објави Косово онлајн.

Само што слетав во Тирана од Хаг и ќе пристигнам на Косово во вечерните часови. Ви посакувам убав викенд. Ве уверувам дека никој не може да ја преработи нашата историја – напиша Тачи во објавата на Фејсбук.

Обвинението против Тачи е поднесено на 24 април и сега е кај судијата, надлежен да го разгледа и да донесе одлука за потврда, објави Специјалното обвинителство на крајот на јуни.

Според изјавата на обвинителот, Тачи, лидерот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели и други осомничени во обвинението се товарат за скоро 100 убиства на Косово.

Жртви на обвинетите се стотици лица чиј идентитет е познат, вклучувајќи косовски Албанци, Срби, Роми и луѓе од други националности, како и политички противници.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *