Сподели

Косовскиот претседател Хашим Тачи рече дека ќе поднесе оставка доколку Специјалниот суд за злосторства на ОВК го потврди обвинението, кое го подготви обвинителството на тој суд.

Во наредните денови, ќе се консултирам со политичките лидери за следните чекори. Ве уверувам уште еднаш, нема да се соочам со правдата од оваа канцеларија. Ако обвинението биде потврдено, јас веднаш ќе си дадам оставка – рече Тачи.

Тачи се појави пред медиумите со неколку дена задоцнување, по разговорите со албанскиот премиер Еди Рама, кој ги нарече обвиненијата против лидерот на Демократската партија на Косово „дел од поширокиот план за напад врз Косово и Албанците“.

Специјалното обвинителство на судот за воени злосторства на Ослободителната војска на Косово достави предлог обвинение до Советот на овој трибунал, во кој ги обвинува поранешниот политички лидер на ОВК, Хашим Тачи и шефот на неговата тајна полиција, Кадри Весели за убиство на 100 лица, како и други злодела.

Истрагата против Весели беше спроведена заради неговата одговорност како поранешен началник на ШИК, разузнавачката служба на ОВК, а имињата на двајцата лидери на ОВК се појавија во контекст на можните обвиненија, откако Тачи покрена сериозна политичка иницијатива насочена за укинување на Специјалниот суд за ОВК.


Сподели