Експертите стравуваат дека Русија може да произведе оружје од вирусот ебола како дел од проектот за развој на биолошко оружје, пишува Дејли меил.

Се верува дека единицата 68240, која работи во рамките на Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ), а која во западните медиуми се поврзува со труењата на Сергеј и Јулија Скрипаљ, во англискиот град Солсбери, стои зад овој проект со кодно име „Толедо“.

Се смета дека таа единица го истражува вирусот ебола и уште посмртоносниот вирус Марбург. Вирусот Марбург го доби името по германскиот град Марбург, каде што се појави во 1967 година кај вработените во една лабораторија, каде се вршеа истражувања со заразени зелени мајмуни од Уганда. 

Марбург предизвикува хеморагична треска, болест која се карактеризира со обилно крварење, откажување на органите и во многу случаи смрт. Заболените од ебола ќе доживеат слични симптоми – ќе добијат висока температура, ќе имаат главоболка, повраќаат, ќе заболат од дијареја, болки во мускулите, обилно крварат и постои можност за откажување на органите.

Поранешен службеник на британската воена разузнавачка заедница стравува дека Москва може да отиде чекор подалеку од едноставно проучување на вирусите и да ги претвори во оружје.

Истражителите од непрофитната организација ОпенФакто велат дека откриле дека во рамките на руското Министерство за одбрана работи тајна единица наречена „48-ти Централен истражувачки институт“ и дека таа единица проучува „ретки и смртоносни“ патогени. Таа единица е поврзана со 33-от Централен институт за истражување, единица што го разви смртоносниот воен отров новичок

Со новичок беа отруени семејството Скрипаљ и рускиот опозициски политичар Алексеј Навални. Сите тројца ги преживеале нападите, но но со сериозни здравствени проблеми.

Соединетите држави ги санкционираа двата институти под сомнение дека истражуваат биолошко оружје. Како што се шпекулира, Четириесет и осмиот институт и ги дава своите податоци на единицата ФСБ 68420 која ја води програмата Толедо.

И Русија и Велика Британија имаат лаборатории во кои се изучува хемиско и биолошко оружје со цел да се заштитат од новичок и сличните отрови, изјави поранешен британски разузнавач за „Мирор“. Русија веќе покажа дека таквото оружје, вклучувајќи го и новичок, е подготвена да се користи на британските улици. Ова може да значи дека Русија потенцијално ги засилува истражувањата за ебола и Марбург и ја испитува нивната смртност.

Светската здравствена организација го опишува вирусот Марбург како исклучително заразен вирус со стапка на смртност од 88 проценти. Стапката на смртност од ебола е 50 проценти. Епидемијата на ебола што избувна меѓу 2014 и 2016 година во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне однесе повеќе од 11 000 животи.