Денес почина Милан Лазиќ, таткото на пејачот Дарко Лазиќ.

На Милан Лазиќ неодамна му беше извршена операција за намалување на стомакот, по што следуваа компликации, поради што со денови беше во кома и се бореше за својот живот.

За жал, тој ја загуби битката денес.

Милан Лазиќ ја помина оваа операција со цел да се ослободи од вишокот килограми, исто како што направи неговиот син пред неколку месеци.

Сепак, по операцијата, работите тргнаа наопаку и започна борбата за животот на Милан.