Луизa ужива во богатството и луксузот.

Инстаграм профилот на тинејџерката (17), за која се смета дека е дете на Владимир Путин, прв го откри ривалот на претседателот, Алексеј Навални.

На сликите се гледа како Елизабета, позната како Луиза – носи заштитна маска за Шанел и живее луксузен живот со страст кон дизајнерските брендови, вклучувајќи ги ISL, Bottega Veneta, Miu Miu, Tom Ford и Dolce & Gabbana.

Според неофицијални информации во медиумите, нејзината мајка Светлана Кривоногих (45) е домаќинка која се претвори во милионер, а која ја започна врската со Путин кон крајот на 90-тите, додека таа беше чистачка, а тој беше шеф на ФСБ, пред тој да почне да расте во кариерата, во раните 2000-ти, кога е родена Елизабета, според извештајот на руската истражувачка веб-страница Проект.

На другите слики направени од Луиза, таа покажува како ужива во луксузен живот среде пандемија на коронавирус.

Неоснованите обвинувања дојдоа кога непријателот на Кремљ, Алексеј Навални, го обвини Владимир Путин дека користел државни пари за да ги финансира своите тајни љубовници.