Вечерва не чека спектакуларен боксерски натпревар во кој силите ќе ги одмерат две легенди – Мајк Тајсон (54) и Рој Џонс јуниор (51). Овој меч вреди 11 милиони долари, од кој приходите ќе заминат во хуманитарни цели.

Вкупниот број на години е 105, но формата на Тајсон и Џонс воопшто не сугерира дека станува збор за луѓе кои зачекориле во шестата деценија од животот. Поради тој факт, постоеја сомнежи околу прашањето за дозволување на нокаут на противникот, од безбедносни причини.

  • Комесарот Адам Фостер кој го изјави тоа, немав директен разговор со него, но слушнавме дека со тоа сакаше да го сврти вниманието кон себе. Дозволени се нокаути. Некој рече дека ќе ги нема. Апсолутно им е дозволено и ако некој крвари, борбата нема да се прекине, истакна јасно Рајан Кавано, радиодифузерот кој има права да ја емитува борбата помеѓу Џонс и Тајсон.

Единствениот исклучок од вистинската професионална борба ќе биде тоа што ракавиците ќе бидат полесни за нијанса и рундите ќе траат две наместо три минути.

  • Ќе биде како да ставате „клинекс“ помеѓу два камиона кои сакаат да се судрат, додаде Кавано.