Кинеските власти воведоа строги мерки за карантин во градот Руили на југозападот на земјата, бидејќи се потврдени најмалку два случаи на вирус корона.

На жителите на градот на границата со Мијаммар им беше кажано да останат во своите куќи, а сите движења внатре и надвор од градот беа забранети. Властите планираат да ги тестираат сите што живеат во градот, пренесува BBC.

Според кинескиот Глобал тајмс, заразени биле двајца граѓани на Мијанмар кои допатувале во Кина.

Во Мијанмар се воведени нови ограничувачки мерки, бидејќи земјата се бори со вториот бран на корона вирусот.

Во Мијанмар се регистрирани 3.300 заразени и 32 умрени од почетокот на пандемијата.