Историско апсење во Шпанија: Запленет имот од 8 милиони евра, 75 уапсени за марихуана.

Шпанската цивилна гарда заплени кривично стекнат имот вреден повеќе од осум милиони евра и уапси 75 лица, под сомнение за учество во меѓународната мрежа за трговија со марихуана.

Мрежата работеше од шпанската провинција Гранада, а акцијата беше спроведена во соработка со Полското биро за истраги, објави денес Европол.

Шпанските истражни органи извршија претрес на 24 локации и пронајдоа 2.690 насади канабис со улична вредност од над три милиони евра.

Запленети се 36 згради и 50 возила во вредност од над осум милиони евра, како и скоро 200.000 евра во готово.

Уште 370.000 евра беа блокирани на сметките на криминалците.

69 шпански и шест полски државјани беа уапсени под обвинение за трговија со дрога и перење пари.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *