Водечките италијански медиуми вечерва пласира вест кој и тоа како треба да ја загрижи нашата нација.

Италијанскиот новинар Танкреди Палмери пренесува информација дека капитенот на македонската фудбалска селекција и играч на Џенова, Горан Пандев нема да може да и се стави на располагање на нашата репрезентација за клучниот меч со Грузија.

Како што пренесува наведениот извор, оваа одлука на регионалните здравствени власти во повеќе италијански региони.

Според истата им се забранува патувања на репрезентативци кои се членови на Џенова, Фиорентина, Сасуоло, Рома, Лацио и Интер, бидејќи во овие клубови има барем еден позитивен на Ковид 19.

Ова секако ќе биде голем удар за Македонија за клучниот натпревар за пласма на ЕП.