Во групата „Чист Гостивар! Стоп за депонија Русино! Чист воздух за Гостивар“ постојано се споделуваат слики од она што им се случува на гостиварци, каков воздух дишат и за негрижата на институциите, а вчера беа објавени фотографии од депонијата Русино, во која се фрлени и мртовечки сандаци.

Градоначаникот на Гостивар Арбен Таравари за Плусинфо вели дека инспектори од општината се испратени на местото и откако ќе го испитаат случајот ќе ја информираат јавноста за што станува збор.

– Јас синоќа дознав за случајот, испративме инспектори на терен и ќе дознаеме за што станува збор наскоро, но не верувам дека се работи за ковчези од починати од ковид-19 – вели Таравари.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *