Откако на самиот старт обвинителката Русковска го извести судот дека републичкиот обвинител Љубомир Јовески го отфрлил барањето на обвинетите Ременски и Јовановски, таа даде и воведен збор пред судечкиот совет. Според Русковска, хуманитарната организација „Меѓународен сојуз“ функционирала со лаги и била лажно прикажана дека е под покровителство на Европската Унија. Таа кажа дека парите кои биле земани од бизнисмените, Адријан Амзоски и Сиљан Мицев за наводни проекти за старечки домови, биле уплаќани на сметките на згаснатата „1ТВ“ и „БМЈ Медиа груп“ од страна на Миле Јовановски и Јасна Мандиќ кои беа дел од сопственичката структура на двете фирми.

„Обвинителството има несоборливи докази за сите обвинувања и пред судот ќе ја докаже вината на сите обвинети, кажа Русковска во воведните зборови.

„Не разбирам. Ме правите криминалец на 60 години“, искоментира Јовановски по што беше прекинат од судијката Софче Гаврилова-Ефремова која му кажа дека не треба да коментира, туку само да каже дали чувствува вина или не.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *