Таткото на Меган Маркл ја моли својата ќерка да му дозволи да си ги види своите внуци.

Томас Маркл за утринската програмата, Добро утро Британија на ИТВ, изјави дека неговата ќерка Меган и тој треба да пораснат и да разговараат, како и да се помират поради децата.

Тој се уште го нема видено првото дете на кралската двојка – внукот Арчи, а ниту нивното второ дете- Лилибет.

Мојата порака до моите внуци е таа дека треба да знаат дека имаат две семејства што ги сакаат. Нивната прабаба е кралицата на Англија и мислам дека им е важно да знаат дека имаат две семејства. На крајот, тие ќе пораснат и ќе сакаат да знаат повеќе за нив, изјави тој.

Томас (77) се појави во живо на програмата од својот дом во Мексико.

Тој, исто така, изјави дека Меган сака да престане да зборува со својата полусестра и полубрат.

Никогаш порано не е била таква. Кога се омажи за Хари, таа се промени, додаде тој.

Томас се разведе од сопругата, мајката на Меган, Дорија Рагланд, кога Меган беше млада.

Тој не присуствуваше на венчавката откако беше откриено дека се согласил на исценирани папарацо фотографии.

Како причината за тој скандал тој ги наведе претстојните операции на срцето, а Меган го прекина контактот со него кратко време по венчавката.