Пандемијата со корона вирусот ќе заврши до 2022 година, и не само што ќе заврши, туку до тогаш ќе бидат избришани и нејзините најлоши последици, вклучително и економските, изјави основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.

Во интервју за францускиот „Еспресо“ и американскиот „Њујорк магазин“, Гејтс изјави дека ќе бидат потребни 40 милијарди долари за вакцинирање на целата човечка популација.

Најважната работа во борбата против пандемијата, вели Гејтс, е развој на вакцината, но и на системот со кој ќе може таа да се дистрибуира за да можат сите да ја добијат.

Ако имаме среќа некои од вакцините што се развиваат да се успешни, некои да се доволно ефтини и ако фабриките можат да ги произведат во доволен број, тогаш пандемијата ќе заврши за две години. Во тој случај, ќе следи намалување на пандемијата во 2021 година, а целосно ќе заврши во 2022 година, рече Гејтс.

Основачот на „Мајкрософт“ го даде интервјуто од неговиот дом во Сиетл, каде е затворен од почетокот на пандемијата.

Тој повтори дека вирусот корона најмногу ги погодува старите лица и дека најзагрозени се земјите со стара популација.

Тоа е како кај грипот. Во текот на годината во САД од грип умираат 60.000 лица, од кои само 400 се помлади од 60 години. Короната е уште поспецифична и влијае на постарите лица дури и повеќе од грипот, рече Гејтс.

Основачот на „Мајкрософт“ изјави дека постојат неколку „ветувачки индикатори“, како што е можноста имунитетот од некои други вируси од корона да обезбеди заштита од САРС КоВ-2, но тоа никој не ги докажал.

По оваа пандемија, ќе бидеме подготвени за следната. Ако следната пандемија не е резултат на терористички напад, ќе имаме систем за брзо тестирање. Во моментов постои тестирање со PCR на семе од ГМО, каде што буквално се спроведуваат милиони тестови. Ние сакаме тоа да го преточиме во тестирање на респираторни заболувања, така што една земја може да тестира 20 проценти од населението неделно, рече Гејтс и додаде дека се надева дека масовното тестирање ќе предизвика помала отпор и негативни реакции од вакцинацијата.