Од компликации на Ковид-19, утрово почина Енвир Малиќи, заменик-градоначалникот на Град Скопје. Тој бил хоспитализиран во болницата Систина поради здравствни проблеми, а бил позитивен и на коронавирусот.

Малиќи беше сопственик на „Гемак трејд“ и хотелот „Парк Спа“ на кејот на Вардар. Малиќи беше и советник во Советот на Град Скопје од редовите на ДУИ. Во 2017 година, градоначалникот Петре Шилегов го назначи за негов заменик.