Најмалку четири лица се повредени во експлозија во централниот дел на Техеран и пожарот што следел, последен во низата напади во Иран во последните неколку недели на чувствителните локации.

Според портпаролот на противпожарната служба, Џалал Малеки, пожарот зафатил 4-катна зграда во близина на Универзитетот во Техеран, во делот каде што се сместени повеќе книжарници и издавачки куќи.

Малеки додал дека пожарникарите спасиле тројца мажи и една жена, кои се пренесени во болница. Причината за експлозијата сè уште се истражува.

Во Иран во изминатиот месец се забележани повеќе експлозии и пожари, вклучително и во подземната нуклеарна централа Наранч, каде била предизвикана значителна штета.

Во експлозијата на клиниката северно од Техеран, на 19-ти јули починале 19 лица, а властите соопштиле дека причината за несреќата е истекување на бензин.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *