Пукањето се случило во градината на кафулето „Марики“ кога непознат напаѓач маскиран во фантомка и вооружен со автоматска пушка се приближил до масата каде седеле Ракоњац, Новаковиќ и Ристановиќ.

telohranitelj

Раде Ракоњац, поранешен телохранител и чувар на Жељко Ражнатовиќ Аркан, но и близок со Лука Бојовиќ, беше убиен на 2 април 2014 година, во кафулето „Марика“ на улицата Звечанска во Белград, додека Стојан Новаковиќ Копе, исто така пријател на Аркан, спортски менаџер и поранешниот кошаркар Горан Ристановиќ беа тешко повредени.

Пукањето се случило во градината на кафулето „Марики“, кога непознат напаѓач маскиран во фантомка и вооружен со автоматска пушка се приближил до масата каде што седеле Ракоњац, Новаковиќ и Ристановиќ. Напаѓачот одеднаш се појави пред нив и испука рафал од митралезот, а потоа тој брзо избега со автомобил „алфа ромео“ во кој го чекаше друга личност .

Автомобилот со кој напаѓачот побегнал 20 минути подоцна бил пронајден запален на улицата „Радован Симиша Цига“ 42 во Вождовац. Очевидци изјавија дека откако ја запреле алфата, виделе како од неа излегуваат двајца маскирани млади луѓе, по што следуваше експлозија

Ракоњац бил ранет со неколку истрели, се до моментот кога еден куршум го погодил во вратот и бил пренесен во Воено-медицинската академија, каде починал 30 минути по приемот. Во пукањето, Новаковиќ беше ранет од истрели од автоматска пушка во потколеницата.

Ракоњац е член на т.н. Група на Аркан која е уапсена за време на полициската акција „Сабја“. Тој имал чин полковник во Српската доброволечка гарда на Аркан, а според медиумите бил означен како личност блиска до Лука Бојовиќ.

Nikola Bojović

Официјално, Ракоњац никогаш не бил осуден, а обвинението за неовластено поседување пиштол е второто што е покренато против него.

Раде Ракоњац, Драгослав Милорадовиќ и Филип Корач заедно го носеа ковчегот на Никола Бојовиќ, кој беше убиен во 2013 година во центарот на Белград.

Неодамна починатиот Џеј Рамадановски на погребот на Никола ја отпеа својата песна „Недела“, бидејќи тоа го сакаше Никола.

  • Интересен е фактот што тој почина набрзо по интервјуто кај спрскиот новинар Мариќ во кој што кажа многу работи кој ја потресоа Србија и српската мафија во тоа време.