Српската армија денес почна да ги преместува тенковите и тие беа видени на пат од гарнизонот во Рашка до административната граница со Косово.

На социјалните мрежи се појави видео снимка од колона тенкови кои, според непотврдени информации, тргнале од Рашка кон административната граница со Косово и преминот Јариње.

Модернизовани борбени тенкови Војске Србије на путу ка Јарињу и Брњаку 👇👇👇

Posted by Директно с Космета on Saturday, September 25, 2021

Станува збор за модернизирани тенкови Т-72 МС опремени со нова оптика и најсовремена борбена опрема, кои се дел од руската воена донација за Србија.

Претходно, две српски МИГ-ови 29 прелетаа над Јариње, некаде околу пладне, што беше поздравено од Србите кои го блокираа преминот во знак на протест поради воведувањето на реципроцитет за регистарски таблички и присуството на специјалните единици РОСУ на северот на Косово.

Вчера, хеликоптерите на српската армија Ми-35 или познати како летечка тврдина патролираа во воздушниот простор над Јариње.

Единиците на српската армија во гарнизоните на Рашка и Нови Пазар со денови се во зголемена борбена готовност, бидејќи на тој начин српската држава сака да испрати јасна порака дека погромот на српскиот народ на Косово и Метохија нема да се повтори.

Министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, изјави дека Министерството за внатрешни работи со своите единици и војската на Србија се подготвени да одговорат на секоја ескалација, но и дека ќе сторат се за да спречат какви било конфликти и се да биде мирно.

Вулин нагласи дека вооружените единици на Приштина мора да се повлечат од северот на Косово.

Косовскиот премиер Албин Курти вечерва свика итен состанок на Советот за безбедност на Косово, поради моменталната ситуација на северот, пренесуваат Косово онлајн и Коха.

Министерството за европски и надворешни работи на Албанија (МЕФА) денес ја повика Србија да ги повлече своите вооружени сили распоредени на југот на Србија, во близина на Косово.

Во соопштението на МЕФА се наведува дека Албанија е особено загрижена за извештаите за испраќање српски воени сили „во близина на границата со Косово“ и воени авиони кои летаат во близина и над, како што соопшти Министерството, „воздушниот простор на Косово и предизвикуваат тензиии“.

Според албанското министерство, овие тензии ги охрабруваат поединците да провоцираат немири и насилство и имаат за цел да го дестабилизираат Косово.