Тензично во Пенсилванија: Полицијата дојде во Филаделфија каде се бројат гласовите!

Едно видео покажува дека полицајци со целосна опрема пристигнуваат во Филаделфија, во време кога продолжува пребројувањето на гласовите во Пенсилванија.

Видеото го објави британски Индипендент, без дополнително објаснување. Броењето на гласовите продолжува во Филаделфија, а демократскиот кандидат Џо Бајден досега има освоено 81 процент од гласовите во тој град, а тој ја презеде и лидерската позиција во целата држава Пенсилванија.

Претходно денес беше објавено дека граѓаните се евакуираат во Филаделфија поради закана за поставена бомба во близина на местото каде што се бројат гласовите на претседателските избори во САД, но дека полицијата не ја пронајде бомбата.

Инаку, Врховниот суд и наложи на Изборната комисија во Пенсилванија да ги оддели гласачките ливчиња добиени по денот на изборите. Врховниот суд не забрани овие гласачки ливчиња да бидат обработени, но засега не треба да се додаваат на другите гласачки ливчиња.

Бидејќи Џо Бајден се уште ја нема обезбедено победа на претседателските избори, Си-Ен-Ен се сомнева дали воопшто тој воопшто ќе и се обрати на јавноста вечервс. во 14 часот. Според Си-Ен-Ен Бајден требаше да го одржи победничкиот говор очекувајќи да обезбеди победа во Пенсилванија, но бидејќи тоа се уште не се случи, Си-Ен-Ен шпекулира дека ова обраќање може да се одложи за некој подобар момент.