Свештеник во една католичка црква во Канада го нарече зло кое оди, маж кој не носел заштитна маска.

Инцидент кој ретко се гледа се случил во католичка црква во Канада.

Имено, за време на служењето на мисата, свештеникот го нарекол човекот кој не носел маска зло кое оди и го замолил да ја напушти црквата.

Испровоциран од ова, човекот станал и му пришол на свештеникот со намера да се пресмета со него, несвесен дека наскоро ќе заврши на подот од присутните верници кои кога го виделе човекот како се качува до олтарот и се упатува кон свештеникот, скокнале врз него соборувајќи го на земја каде што паднал и добил неколку удари за конечно на крајот да го извадат од црквата.