Членовите на чешкиот парламент се степаа бидејќи некои од нив не носеа маски.

Чешкиот парламент расправаше за продолжување на вонредните мерки поради пандемијата со коронавирусот, а независните пратеници Лубомир Волни и Маријан Бојко дојдоа на седницата без маски.

Претседателот на парламентот, Томаш Ханзел, од редовите на социјалдемократите, му рече на Бојко дека треба да се срами и го повика да стави маска. Во тој момент, Волни излезе на говорницата и започна да го навредува Хансел, тврдејќи дека е од корумпирана партија.

Претседавачот го предупреди дека ќе го исклучи микрофонот, а Волни му одговори дека ќе дојде да седне во неговиот скут и да каже сè што сака во неговиот микрофон.

Тој дојде до бирото на претседателот, но претседателот го исклучи неговиот микрофон. Волни се обиде да го вклучи и го грабна микрофонот од претседавачот и започна да се турка со Хансел. На помош му притрчале замениците, а потоа започна туркањето и удирањето.