Тинејџерски терорист кој му ја отсече главата на професор по француски јазик во близина на Париз, добил херојски погреб во родната Чеченија.

На видеото се гледа како членови на неговото семејство и негови блиски роднини и пријатели скандираат „Алаху Акбар“, што значи „Бог е голем“, на церемонијата на погребување на Абдулах Анзоров (18), додека одеа во поворката покрај неговиот ковчег.

Телото на терористот, кој го обезглави наставникот Самуел Пати, беше вратен од Франција во неговото родно село Чалази во саботата.

Француската полиција го уби Анзоров само неколку минути подоцна, откако тој го обезглави наставникот Пети на 16 октомври.

Околу 200 лица присуствуваа на погребот на убиениот терорист. БАЗА објави дека Анзоров бил погребан „со почести“, во снежни услови и на традиционелен муслимански начин.

Неговото тело беше пренесено низ селото од страна на ожалостените во областа Урус-Мартановски.

Еден од присутните во поворката носеше порака со која го фалеше како „Лавот на исламот“, пишува „Мирор“.

Пораката во видео записот гласеше: „Лавот на исламот пристигна во својата родна земја денес и се врати во земјата.