На Твитер профилот на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, се појави слика на голфер кој наликува на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој е мета на беспилотно летало, со порака дека одмаздата е неизбежна поради убиството на високиот ирански генерал во напад на американски беспилотни летала, пренесува Ројтерс.

Објавата го содржи текстот на изјавата на ајатолахот Али Хамнеи од декември, во која тој рече дека „Одмаздата е сигурна“, обновувајќи го заветот за одмазда во пресрет на првата годишнина од убиството на генералот Касем Сулејмани во нападот во Ирак, наведува агенцијата.

Оние што го нарачаа атентатот врз генералот Сулејмани, како и оние што го извршија тоа, треба да бидат казнети. Оваа одмазда сигурно ќе се случи во вистинско време, објави Али Хамнеи на 16 декември, без да го именува Трамп, кој го нареди нападот врз на иранскиот генерал во Ирак.

На почетокот на овој месец, Твитер отстрани изјава од Хамнеи во која се вели дека вакцините во САД и Велика Британија не се сигурни и може да бидат насочени кон „контаминација на други нации“ поради кршење на правилата за ширење дезинформации на таа социјална мрежа. За последната објава се уште нема реакција од твитер.