Пациенти кои оздравеле од COVID-19 пријавиле дека со недели, па и месеци по оздравувањето уште чувствуваат тешки последици и тегоби од болеста.

Хроничен умор, потешкотии во дишењето, болки во мускулите, поспаност по цел ден и вложување огромен напор за качување по скали, се дел од овие последици.

Истражувањето што го спроведоа лекари од клиниката Џемели во Рим, Анџело Карфи и Роберто Бернабеи, испитувале 150 пациенти кои ја прележале заразата со коронавирусот, објави Europe Today.

Од испитаниците, 87 потврдиле дека имаат најмалку еден од пост-ковид симптомите, а најчесто умор и проблеми со дишењето, а некои пријавиле и психолошки проблеми – одреден број пациенти по оздравувањето покажале знаци на посттрауматски стрес.

Речиси сите испитаници имале проблеми со апетитот и намалена мускулна маса.

„COVID-19 е нова болест и засега ги знаеме симптомите, но малку се знае за последиците и токму затоа го спроведовме ова истражување кое сметаме дека е многу важно“, вели д-р Карфи.

Докторите истакнуваат дека многу позитивен резултат од истражувањето е што се покажало дека болеста не оставила трајни последици на белите дробови, црниот дроб, очите и срцето кај пациентите.

На пациентите им се препорачува по оздравувањето да прават редовни прегледи на внатрешните органи и да побараат психолошка помош ако им е потребно.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *