Повеќе од 100 српски туристи кои вчера попладне пристигнаа во Атина со авион, наместо на плажа, завршија во карантин поради коронавирусот!

Како што пишуваат српските медиуми, тие пристигнале во главниот град на Грција со авион на Ер Србија, на летот ЈУ 512 од Белград, во 15 часот по локално време.

Откако слетаа на аеродромот Елефтериос Ванизелос и поминаа низ царинска и пасошка контрола, српските туристи беа пречекани од медицинските екипи на грчкиот институт за јавно здравје (ЕОДИ), кои зедоа брисеви за да ги тестираат дали се заразени со корона. Но, наместо да им овозможи да продолжат со своето патување, со земање лични податоци, хотелски адреси и телефонски броеви за контакт, полицијата ги придружуваше директно во специјалните хотели за карантини, каде ќе мора да чекаат во строга изолација за резултатите од тестот за корона.

Како што им објасниле грчките власти, тие ќе треба да останат таму најмалку 24 часа. Меѓутоа, доколку се покаже дека само еден патник е позитивен за корона, сите патници, па дури и здравите, ќе бидат задржани во карантин цели 14 дена, со силно обезбедување од грчката полиција.

Ним им било речено дека ако некој се обиде да избега од карантин, ќе плати казна од дури 5.000 евра!


Напишете коментар