Принцот Филип остави зад себе богатство проценето на 10 милиони фунти што делумно го заработи за време на неговата кариера во морнарицата и не треба да се заборави дека како член на кралското семејство заработуваше околу 400 000 фунти годишно. Покрај тоа, со Кралицата, тој инвестираше во недвижнини, акции и уметнички колекции и ретки книги.

Кралското семејство не ја откри содржината на тестаментот на принцот Филип и само е познато дека неговата кочија и пони коњчињата ќе бидат наследени од неговата внука Лејди Луиз, 17-годишната ќерка на принцот Едвард која со дедото споделуваше страст кон коњите и кочиите, за што беше и подучувана од својот дедо.

Дел од неговиот имот ќе го наследат неговите четири деца, принцовите Чарлс, Едвард и Ендру и принцезата Ана, но се претпоставува дека најголем дел од имотот ќе го наследи кралицата Елизабета.

Иако се очекуваше неговата титула да биде наследена од принцот Едвард, таа ќе му биде доделена на Чарлс кој, според експертот за кралско семејство, Марлен Кениг, ќе му ја пренесе на Едвард кога ќе стане крал.

Покрај тоа, целиот имот што кралицата ќе го наследи по смртта на Филип ќе биде наследен од неа од Чарлс, така што тој ќе биде оној кој на крајот ќе добие поголем дел од богатството на неговиот татко.

Исто така се шпекулира дека Филип оставил дел од имотот на хуманитарните здруженија што ги поддржувал.

Да потсетиме, принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета почина на 99-годишна возраст. Од неговата смрт, британските медиуми секојдневно пишуваа за животот на принцот Филип , а сега има многу шпекулации за неговото наследство.