Кога ќе се појават промени во природата, видовите кои најдобро се прилагодуваат на промените преживуваат. Таква е состојбата и на пазарите.

Без разлика дали причината е понапредна технологија, подобри деловни планови, влијанието на кризата или нешто друго, многу брендови кои некогаш биле актуелни, денес не постојат или се ставени на маргините.

Оние кои ќе успеат да го привлечат вниманието на потрошувачите во брзиот 21-от век, можат да ги исфрлат традиционално популарните брендови и производи.

Grafički prikaz šta se sve proizvodilo u bivšoj Jugoslaviji:

Posted by Tuzlanski.ba on Friday, March 30, 2012

Така, неодамна се појавија прогнози дека производителите на швајцарски часовници , како и на класичните часовници воопшто, ќе бидат заменети со Епл и други технолошки компании. Другите некогаш познати брендови исто така исчезнуваат, производители на авиони, автомобили, технолошки компании и производи, системи на продавници итн.

Ниту ситуацијата тука не е многу поразлична. Многу производи и брендови кои беа популарни пред 10, 20 или 30 години, денес ретко се споменуваат или веќе не постојат, па ние ги паметиме само во разговорите што започнуваат со некаква носталгија на старите времиња.

Сликите на поранешните топ производи и компании на екс-југословенската економија сè уште будат носталгија и сеќавања.