Известувајќи за Њујорк Тајмс за посетата на Тито на Америка, новинарот Нан Робертсон, меѓу другото, напиша дека било скоро невозможно да се види срдечниот и забавен југословенски лидер – така било добро организирано неговото обезбедување.

На денешен ден е роден американскиот екс американскиот претседател Ричард Никсон, единствениот шеф на државата во историјата на САД кој поднесе оставка под закана за разрешување. Тој стана претседател на Соединетите држави во 1969 година и беше реизбран во 1972 година, но не го заврши својот четиригодишен мандат, бидејќи тој се повлече во 1974 година поради аферата „Вотергејт“.

Никсон беше првиот американски претседател кој ја посети Југославија, а анегдота поврзана со него и Јосип Броз Тито се раскажува и денес.

По историската посета на Ричард Никсон на Југославија во 1970 година, претседателот Јосип Броз Тито ја возврати посетата на Америка следната година.

Тито беше пречекан со највисоки можни почести, а во Националниот прес-клуб во Вашингтон одговараше на прашања од американските новинари.

Со своите одговори, Тито ги импресионираше дури и најпровокативните меѓу нив, а особено се прераскажува следниот дијалог:

Господине претседател, кој е најголемиот позитивен резултат од посетата на Никсон на Југославија?

Фактот што сум јас денес во Америка, рече Тито.