Оние кои го познаваа Тито велат дека обожавал колачи со комбинација на чоколадо и кафе.

Тито беше пробирлив кога се десертите во прашање, но на овој десерт не можеше да му одолее. Тој е едноставен за подготовка, а има фантастичен вкус.

Потребно за бисквит: 4 јајца; 200 гр шеќер; 1 ванилин шеќер; 100 гр мелени ореви или лешници; 5 лажици сварено црно кафе – ладно; 5 лажици брашно; 1 прашок за пециво; 3 лажици масло.

Одделете ги белките од жолчките. Изматете ги белките. Додадете шеќер во жолчките и изматете. Додадете масло во жолчките. Додадете сварено, ладно кафе. Измешајте ги заедно брашното, прашокот за пециво и оревите и изматете сè заедно со јајца. На крајот од смесата додадете белки.

Печете го бисквитот на 180 степени околу 30 минути.

Потребно е за првото полнење: 400 мл млеко; 5 полни лажици брашно; 2 жолчки; (Додадете жолчки и брашно во млекото и матете со миксер. Потоа ставете го на рингла да зоврие малку за да направите пудинг.)

Потребно е за второто полнење: 200гр маргарин; 10 лажици шеќер; 1 ванилин шеќер; 100 гр стопено чоколадо; 3 лажици ореви. (Растопете го чоколадото и додадете маргарин. Потоа шеќер, ванилин шеќер и ореви, па изматете сè заедно).

Спојте ги двете полнења.

Нанесете го овој богат фил врз кората и посипете со мелени ореви и чоколадо.