Новак Ѓоковиќ е сигурно најдобриот српски тенисер на сите времиња, а веројатно и најдобриот спортист што го имала таа држава. Меѓутоа, многумина не знаат дека Србија пред Новак имаше едно многу талентирано момче на кое му предвидуваа блескава иднина и светска слава. Меѓутоа тој почнува да оди по лош пат во животот и самиот да си го уништува. Станува збор за Никола Гњатовиќ, екс тенисерот за кого Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак кажува дека нема видено поголем талент во светот на тенисот.

Тоа истото може да ви го потврдат и многумина кои се разбираат во тенисот, а тоа го знае и го мисли и самиот Гњатовиќ: Играв и за Дејвис купот како дел од репрезентацијата на Србија против Турција и Мароко. Со нас тогаш во репрезентацијата беа Типсаревиќ, Вемиќ и Тошиќ. Пред тоа во јуниорска конкутенција ги победував Марат Сафин и Френандо Гонзалез, додека Роџер Федерер го победив на еден тренинг. Нема кој тогаш не ми предвидуваше светска слава, кажува Гњатовиќ.

Но, тогаш се отиде во спротивен правец, наместо да оди кон врвот тој почна да оди надолу и да влегува од порок во порок во животот, за на крајот да заврши на хероин.

Прв пат земав хероин кога имав 21 година. Тогаш започнува мојот пекол. Влегов во долгови, тешки наркомански кризи, почнав да крадам за да успеам да дојдам до дрога. Се обидував и понатаму да се занимавам со тенисот но не можев. Во тоа време и фамилијата ми се растура, животот ми стана потполн хаос. Повеќе од десет пати бев во болница. Цели 17 години поминував низ последиците кои ги носи дрогата. Поранешни играчи и колеги им зборуваат на децата кои ги тренирам дека сум бивши наркоман и дека не треба да ги даваат децата јас да ги тренирам и учам тенис. А јас никогаш и кога ги поминував најтешките кризи не сум дилувал дрога ниту пак на ниедно дете би му дал дрога, пред тоа сам себе си раката би си ја отсекол, вели тој

Секако тенисот не се заборава, и многу лесно може да се препознае талент.

Тенисот не го заборавив, умеам да препознаам талентирано дете и за разлика од 90 отсто од тренерите доколку забележам дека малиот или малата не се талентирани за тенис јас тоа веднаш го споделувам со родителите а не ги лажам дека детето им е екстра потенцијал и не им барам повеќе пари за тенис.

За тенисот се заинтересирав уште како дете:

Роден сум во Белград, на Врачар 1979 година. Пред нашата зграда се наоѓаат фудбалски и тениски терени, а јас буквално од прозорецот секој ден сум го гледал овој спорт и таму започна мојата љубов. Тенисот успеа да ми влезе под кожа и со неполни седум години ме запишаа во тенискиот клуб Кошутњак, кажува на почетокот на својата исповед Никола.

Луѓето брзо го препознаа неговиот огромен талент и потенцијал. Драган Шерер, мојот прв тренер, предложи да одам на турнир во Пореч и тоа беше храбар потег. На изненадување на сите јас го освоив турнирот. Во Пореч ме забележа врвниот тренер Горан Бубањ кој ме донесе во Партизан. Во Партизан станав шампион на државата во конкуренција до 10 години, а позади мене беа звучни имиња како што се Иво Карловиќ и Иван Љубичиќ. Се до 18-тата година бев шампион на државата во сите категории. Во тоа време на тренинзите го победував и Ненад Зимоњиќ, кој беше три години постар од мене. Меѓутоа, откако во Партизан ме измамија за професионален договор го напуштив клубот и заминав кај најголемиот ривал, Црвена Ѕвезда. Како син ме прифати директорот на клубот Слободан Војиновиќ и со тој клуб ги остварувам најголемите успеси: првак на Југославија до 18 години поединечно и двојки, а тоа веќе го имав постигнато и на 16 години, потоа сениорско шампион на државата два пати по ред.

Како круна за Никола доаѓа играњето на најпрестижниот светски тениски турнир – Вимблдон. За жал, тогаш за јунакот на нашата сторија почнуваат проблемите.

Изгубив веднаш на стартот, во 1996 и 1997 година, само поради тоа што немав финансии да се подготвам на подлога со трева. И покрај тоа на Вимболдон сите го забележаа мојот голем талент. Во 1998 година од страна на спортското друштво Црвена Ѕвезда бев избран за спортист на годината и добив часовник како подарок. Играв и за Дејвис купот за репрезентацијата на Србија против Турција и Мароко. Со мене тогаш во репрезентацијата беа и Типсаревиќ, Вемиќ и Тошиќ. Пред тоа во јуниорска конкуренција ги победив Марат Сафин и Френандо Гонзалез додека Роџер Федерер го победив на еден тренинг. Нема кој тогаш не ми го предвидуваше светскиот врв.

Сепак излезе сосема спротивното. После краткотрајната борба и игра во Барселона, доаѓа 1999 година и НАТО бомбардирањето. Никола се враќа во Белград, но ни на сон не му паѓа дека ќе доживее спортски но и животен пад.

Сакав да бидам со фамилијата и мојот народ кога им е најтешко. Во Барселона не успеав да се снајдам како што посакував, пред се што ме успеав да најдам соодветни спонзори. Во меѓувреме до почетокот на 2000-те години изгубив и многу поени на АТП листата. Станав спаринг партнер на Јелена Јанковиќ и потпишав договор со компанијата Хед со која договор имаше и Горан Иванишевиќ. Добив понуда од клуб во Босна да бидам тренер и ја прифатив. Таму работев и соработував со пријател кој беше зависник но тогаш јас тоа не го знаев. За жал дружејќи се со него не можев да издржан и на 21 година пробав хеорин. Тогаш започна мојот пекол. Влегов во долгови, тешки наркомански кризи, почнав да крадам за да успеам да дојдам до дрога. Се обидувам и понатаму да се занимавам со тенисот но не можев. Во тоа време и фамилијата ми се растури животот ми е во тотален хаос. Повеќе од десет пати бев во болница. Цели 17 години поминував низ последиците кои ги носи дрогата. Бев упорен и не сакав да дозволам тоа зло да ме победи. Со помош на клиничката терапија успеав да се излечам и веќе три години сум чист. Тенисот не го заборавив но ме боли тоа што поединци пријатели ме заборавија мене, кажува Никола со тага во неговиот глас.

За среќа Никола имаше луѓе покрај него кој не го заборавија него и неговиот талент и му помагаат често да успее да се врати како тренер во спортот кој го сака.

Има и добри луѓе кои ми помагаа и ми помаагаат се уште. Не ми е лесно да ја одгледувам мојата болна мајка, неодамна кровот на нашата куќа почна да протекува, а реконструкцијата не чини ефтино. Не барам никаква милост, само сакам да можам да живеам од својата професија, додава Никола.

Некогаш најдобар тенисер на Србија и еден од најталентираните играчи на светот е свесен за своите грешки во животот, но е уште посвесен дека сака да добие нова шанса во светот на тенисот и со помош на неговиот талент да создаде нови шампиони.

Знам низ што поминав, тоа ми е огромна и за жал прескапа животна школа, ама затоа сега на секое дете можам да му кажам, што подалеку од дрогата, тоа е смрт, занимавај се со спорт, раскажува некогашниот најдобар југословенски и српски тенисер.