Талентираниот фудбалер на Баерн, Јамал Мусиала откри многу интересни факти за неговиот фудбалски живот, кои ќе бидат тема на озборување во светските медиуми во годините што доаѓаат.

Младиот офанзивен играч е роден во Германија, а потоа се пресели во Англија, татковината на неговиот татко, каде што ги направи своите први фудбалски чекори. Помина низ школата на Челзи, но потоа се врати во Германија бидејќи беше повикан од фудбалскиот гигант на стариот континент, Баерн.

Мусиала веќе одигра 48 натпревари во дрес на Баерн и постигна 11 гола во Бундеслигата.

Кога бев помлад, плачев дома ако не постигнев гол за време на натпреварите. Скаутите од Челзи ме гледаа за време на еден натпревар во Саутемптон и ме повикаа на проба. Мајка ми ме праша дали сакам да играм во Англија, бидејќи тоа е голем чекор, но не се двоумев, мојата желба беше само да играм. Бев нервозен затоа што не зборував англиски добро, но го научив за шест месеци – изјави младиот Мусиала за MOTDx.

Мусиала веќе е редовен репрезентативец на Германија, а пред неколку дена го постигна својот прв гол во репрезентативниот дрес и тоа се случи токму на натпреварот против нашата репрезентација во Скопје.

Баерн ме покани и јас верував во она што ми го кажаа. Сега се е толку удобно. Отпрвин бев нервозен кога ги погледнав сите тие мега ѕвезди. По некое време стана нормално и можам да кажам дека сега сме еден вид пријатели – додаде младиот фудбалер.

Мусиала полага возачки испит и открива дека мајка му го вози на тренинг, а потоа се враќа дома.

Мајка ми се уште ме вози на тренинг и доаѓа да ме земе подоцна. Тоа е нормално. Јас само работам на добивање возачка дозвола и треба да ја добијам наскоро – дополни младиот фудбалер.

18-годишникот ја избра германската репрезентација иако играше за помладите селекции на Англија, од каде потекнува неговиот татко.