Силна експлозија го погоди подрачјето на германскиот град Леверкузен, каде се наоѓа хемискиот концерн Баер. Едно лице загина, 31 се повредени, петмина се тешко повредени, а пет се водат за исчезнати.

Пожарот избувна откако се запали резервоар за гориво во близина на депонија за горење отпад, соопштија градските власти, пренесува ДПА.

Експлозијата се случи во населбата Буриг, а властите издадоа предупредување и ги повикаа жителите на градот на Рајна да ги затворат прозорците и да останат во куќата.

Полицијата во Леверкузен распореди голем број полицајци и ја блокираше пошироката област. Тие го затворија автопатот во близина и ги повикаа жителите да ги чуваат патиштата слободни за службите за итни случаи.