Најпознатиот адвокат на просторот на поранешна Југославија, Тома Фила тврди дека атентатот врз Киро Глигоров го организирале луѓе од од кругот на негови блиски соработници. Тие се се уште живи вели Фила во интервјуто за емисијата Во Центар, кое ќе се емитува вечерва во 22 часот на youtube каналот Vasko Eftov. Според Фила, кој е личен пријател и еден од главните советници на Ивица Дачиќ, почнувајќи од периодот кога Дачиќ беше премиер, подоцна министер за внатрешни и сега за надворешни работи, група експерти од Белград таа 1995 година дојдоа во Скопје за да помогнат во истрагата околу атентатот врз Глигоров и по враќањето го информирале Фила дека извршителите се од Македонија и се дел од соработниците на тогашниот Претседател на Македонија. Во интервјуто Фила зборува и за многу други работи што досега не се објавени во македонската јавност.


One thought on “ТОМА ФИЛА: Атентатот врз Киро Глигоров го организираа негови блиски луѓе!”
  1. […] Најпознатиот адвокат на просторот на поранешна Југославија, Тома Фила тврди дека атентатот врз Киро Глигоров го организирале луѓе од кругот на негови блиски соработници. Тие се се уште живи вели Фила во интервјуто за емисијата Во Центар. […]

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *