Честопати не интересира како познатите личности се грижат и ја негуваат својата кожа и изглед. Познатата руска манекенка и актерка Ирина Шајк открива дека не се секогаш потребни скапи производи за нега на кожата.

Таа даде неколку совети кои сите жените од целиот свет можат да ги применат. Познато е дека, освен што ги засенува другите жени кога ќе стапне на црвениот тепих, таа изгледа одлично и без грам шминка. Како тоа не и треба целосна шминка и фризура за секоја пригода?

Ирина откри неколку практични совети за убавина што редовно ги следи, а некои од нив ги усвои од нејзината мајка Олга.

Ледот е една од наједноставните работи, и најдоброто што можете да го примените во секојдневната нега на кожата. Коцки мраз за вашето лице е еден од најбрзите начини да ја вратите свежината на лицето за само неколку минути, а може многу да помогне при мозолчиња, брчки и темни кругови!

Кога коцката мраз се лизга по лицето, крвните садови се стегаат, капиларите се полнат со крв, а кожата почнува да дише.

Секое утро се труди да пие вода со неколку капки свежо исцеден сок од лимон.

Јасно е дека кога не работи и нема ангажмани, Ирина се обидува да го одмори лицето и никогаш не легнува да спие додека не ја отстрани целата шминка од кожата.

Ирина не се сонча, и секогаш нанесува крем со УВ заштита.

Маслото од кокос често го користи за нега на кожата, веднаш по туширање додека кожата е се уште влажна.