Американското списание Нешенал интерест објави статија во која беше објаснето како САД подготвуваат нов носач на авиони од класата Џералд Форд за војната против Русија и Кина.

Дизајнерите на бродот прават големи напори, така што современите носачи на авиони ќе можат да одбијат напад на противник кој поседува нова генерација на оружје, се наведува во написот .

Авторот на статијата, Крис Озборн, наведува дека САД подготвуваат нов носач на авиони за војната против Русија и Кина .

За време на последните тестови, кои се одржаа во текот на 18 месеци, екипажот на Џералд Форд имаше за задача да одбие напад на беспилотни летала, помали бродови, како и да одбие ракетни удари и други видови закани што може да доаѓаат од големите сили, вели Озборн.

Ваквите обуки овозможуваат значително подобрување на вооружувањето на носачите на авиони, посочува авторот.

Носачите на авиони во иднина не треба да обезбедуваат поддршка за воени операции од воздух, во кои Соединетите држави доминираат на море и на небото. Неопходно е да се подобрат на таков начин што носачите на авиони да можат да се заштитат од непријателски напади со високо-технолошки системи на оружје, посочи тој.

Заклучокот на авторот е дека современиот пристап на американската морнарица кон модернизацијата на носачот на авиони Џaералд Форд покажува дека американските сили планираат да ги модернизираат ваквите бродови за директни борбени операции на море .

Од друга страна, воените експерти постојано ја забележаа ранливоста на американските ракетни носачи на најновите руски ракети.

Докторот за воени науки Константин Сивков, потсети дека Москва има крајбрежни системи Калибар и Оникс, чиј домет е околу 300 километри. Покрај тоа, Русија има хиперсонични ракети Циркон способни да погодат цел на растојание до 1.000 километри.

Со цел да се изврши напад врз важни објекти во длабочините на Русија, американскиот носач на авиони треба да се приближи до рускиот брег на растојание од 450-500 километри. Во тој случај, бродот ќе биде во зоната на дострел на руски ракети и ќе може да биде уништен, сметаат експертите.

Друг ефикасен начин за уништување на носачот на авиони е ракетата Х-32, која ќе биде опремена со модернизираниот бомбардер Ту-22М3М. Веројатноста дека современите средства за противвоздушна одбрана на група носачи на авиони ќе го пресретнат најновото руско оружје е мала, велат дел од експертите.