Повеќе од 50 патници загинаа во авионската несреќа кај Џакарта, објави Ројтерс повикувајќи се на локалните медиуми.

Авионот на авиокомпанијата Сривиџава ер се урна неколку минути по полетувањето од аеродромот во Џакарта.

Авионот падна од висина од околу три километри за помалку од една минута.

Станува збор за 27-годишен авион Боинг 737-500, а властите најавија дополнителни информации за несреќата.