Словенечкиот Институтот за јавно здравје во соработка со белгиските здравствени власти (НИЈЗ) ја истражува трагичната смрт на младата сопруга на словенечкиот дипломат во Брисел, која по вакцинирањето доживеа венска тромбоза и починала од мозочен удар во болница откако неколку дена беше во критична состојба.

Жената на возраст под 40 години била вакцинирана пред десетина дена со вакцината против ковид-19 од Џонсон и Џонсон, која се дава во една доза, а првите тешкотии ги почувствувала по неколку дена.

Според Телевизија Словенија, таа најпрво добила главоболка и имала отечена нога, а на лекарскиот преглед и била дијагностицирана длабока венска тромбоза и била одредена терапија, но потоа во вечерните часови претрпела мозочен удар и по неколку дена во критична состојба починала во билницата.

Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ) покрена постапка за да утврди дали компликациите и последователната смрт се каузално поврзани со вакцинацијата или можните негативни несакани ефекти на вакцината. Ова сега го истражува стручна комисија при Министерството за здравство, во која посочуваат дека сите информации што ќе ги добијат од белгиските здравствени власти ќе бидат важни за проценка на случајот.

Џонсон и Џонсон, како и АстраЗенека, е векторска вакцина за која е откриено дека предизвикува згрутчување на крвта во исклучително ретки случаи. Ова е потврдено и од Европската агенција за лекови (ЕМА), која продолжува да ги следи ваквите случаи.

ЕМА, пред еден месец објави, дека билансот на корист-ризик од вакцината Џонсон и Џонсон останува позитивен, иако постои можна поврзаност со многу ретки случаи на невообичаени згрутчување на крвта придружени со низок број на тромбоцити по вакцинацијата.