БРАНОВИ во морето Баренц близу Нова Земја денес го потопи рибарскиот брод „Онега“ со 19 члена на екипажот.
Преживеале само двајца рибари, помошникот капетан Владислав Буторина и морнарот Руслан Катјухин, а другите исчезнале во студената морска вода.

Преживеаните рекоа дека бродот е „целиот во мраз“.Пред несреќата екипажот се обидел да ја подигне уловената риба на бродот. Кога пристигна сигналот дека рибарите имаат проблеми, авион на Северната флота полета кон местото на несреќата, а потоа и хеликоптери на Министерството за вонредни ситуации.

„Онега“ тргна со екипажот од Мурманск на северот на Русија. Семејствата на жртвите живеат таму.