Водителот на една од најпопуларните емисии на „Амимал планет“, Смртоносен улов, Ник МекГлашан почина на 33-годишна возраст.

Како што го нарекуваа, рибарот од седмата генерација, кој со години се бореше со зависност од алкохол и дрога, почина во Нешвил. Причината за смртта на Ник се уште е непозната, пишуваат странските медиуми, а покојниот водител остави зад себе две деца.

Риалити звездата се придружи на екипата на „Смртоносен улов“ во 2013 година и се појави како шеф на палубата во емисијата „Дискавери канал“ во 78 епизоди во текот на седум години од нејзиното емитување.

За неговата лоша состојба и „траума“ тој напиша во својот последен твит пред неговата смрт.

Траумата ме успива случајно. Исто така, ме буди случајно. Бидете внимателни со мене – напиша тој на 10 декември.

Ник беше суспендиран од 13-та сезона на „Смртоносен улов“ поради проблеми со злоупотреба на супстанции. Во екот на неговата зависност, тој признал дека пиел половина литар вотка, во комбинација со еден грам мета и два грама хероин за еден ден.

Тој отиде на рехабилитација во септември 2016 година, откако се предозираше трипати и оттогаш беше трезен.

Ник претходно ја откри својата зависност во една статија за списанието „Чосен“.

Мојот живот помина многу брзо од проклетото Берингово Море до целосен наркоман. Скриена од мене беше мојата страст за животот – изјави тогаш покојниот МекГлашан.