Од Амбасадата на САД до владата во Србија стигнало официјално барање да ги стават на црна сите кинески компании кои ги загрозуваат американските економски интереси.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, сака да ги протера кинеските компании од Србија и со тоа да го принуди официјален Белград да се откаже од огромните кинески директни инвестиции кои се од голема економска важност!

Како што пишува Информер, американската амбасада бара на црната листа да бидат ставени сите кинески компании кои ги загрозуваат американските економски интереси, а пред се кинескиот технолошки гигант Хуавеј.

Трамп ја стави на црната оваа листа оваа кинеската компанија во мај минатата година, забранувајќи им на американските компании да ја користат нејзината технологија. Вашингтон сега очекува истото да го стори и Србија, под формата „заштита од шпионажа и кражба на лични податоци на граѓаните“!?!

Како што јавува Радио Слободна Европа, српскиот бизнис со Кина веќе влезе во „радарот“ на американските дипломати. Американската амбасада соопшти дека е клучно за економската и националната безбедност на Србија внимателно да ги следат договорите за инвестиции, што може да биде „простор за трансфер на технологија, шпионажа, кражба на лични податоци на граѓаните или загрозување на критична инфраструктура“.

„Србија има причина да биде загрижена за приватните информации што се водат преку Интернет, управувани од Народна Република Кина. „Хуавеј е компанија која е тесно поврзана со Комунистичката партија на Кина, која според кинескиот закон може да го принуди Хуавеј да манипулира, да се меша или да шпионира системи за информации и комуникации надвор од границите на Кина, во која било земја што ја користи својата технологија“, се вели во дописот од американската амбасада, додавајќи дека тие се надеваат дека ставсјќи го фокусот на безбедноста на мрежите ќе отвори можности за американските ИТ компании во Србија.

Главната цел е да се заштити безбедноста на дигиталната инфраструктура во Америка и да се охрабрат сојузниците, вклучително и Србија, да го сторат истото, се вели во соопштението на американската амбасада.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *