Претседателот на САД, Доналд Трамп ја користи секоја прилика да ја нападне и обвини Народна Република Кина за штетите што Америка и светот ги трпат поради корона вирусот или како што Трамп тоа често знае да го нарече кинескиот вирус.

Во исто време за да победи на следните претседателски избори на Трамп му требаат гласовите на Кинеските Американци. Според проценките, во 2017 година во САД живеат повеќе од пет милиони Американци од кинеско потекло.

На својот твитер налог Трамп напиша:
Азијските Американци се многу лути од тоа што и го направи Кина на нашата земја и на светот. Кинеските Американци се најмногу лути од сите. Не ги обвинувам!

Ќе видиме дали со вакви коментари Трамп ќе ги добие гласовите на Американците со кинеско потекло? Можеби токму тие гласови ќе одлучат бидејќи се очекува многу неизвесна и многу валкана изборна трка во Америка.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *