Доналд Трамп, американскиот претседател, на Твитер објави дека сега има 73 милиони чисти гласови, што е за два милиони повеќе отколку пред неколку дена, кога изјави дека има 71 милион.

Трамп објави дека расте бројот на неговите гласови, со повторен твит во кој наведува дека победил на изборите и дека биле забележани бројни неправилности.

Трамп претходно изјави дека предноста на Бајден во Аризона е намалена од 200 000 на 10 000 гласови и дека ако е можно да се проверат гласовите и во таа земја, тој може да победи и таму.

Правниот тим на Трамп се обидува да докаже дека имало бројни неправилности, особено во земјите кои се многу важни за исходот на изборите, како што се Пенсилванија, Џорџија, Аризона, Мичиген, Невада. Во повеќето од тие земји, Трамп водеше веднаш по изборите, но за време на изборната ноќ имаше пресврт и Бајден победи или е во водство во тие држави.