Американската администрација на претседателот Доналд Трамп ги купи скоро сите количини на лекот Ремдесивир во светот во наредните три месеци, лек кој се покажа како ефикасен во третманот на Ковид 19.

Експертите се вознемирени од унилатералниот потег на САД во врска со Ремдесивир, како и од пошироките импликации, плашејќи се од тоа што ќе се случи откако ќе се појави вакцината за вирусот корона.

Лекот, кој првично беше развиен за ебола, е произведен од компанијата Gilead Sciences.

Овој лек е првиот што американската агенција за лекови го одобри за употреба при третман на коронавирус.

Се покажа дека им помага на луѓето да се опорават побрзо од таа болест.

Просечниот третман на третман со корона вклучува шест дози во вкупна вредност од 3.200 долари.

Претседателот Трамп потпиша договор за 500.000 дози, што е до 100 проценти од производството на компанијата во јули, 90 отсто во август и 90 отсто во септември, соопшти американското Министерство за здравство.


Напишете коментар