Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги предупреди републиканците дека изборите во ноември може да бидат „украдени“, обвинувајќи ги демократите за „користење на КОВИД-19 за кражба на избори“.

Трамп зборуваше на првиот ден на Републиканската национална конвенција во Шарлот, Северна Каролина, откако беше ре-номиниран за републикански кандидат на претседателските избори на 3 ноември. Негов против кандидат ќе биде демократот Џо Бајден.

Американскиот претседател го повтори своето тврдење дека гласањето преку пошта ќе доведе до широко распространета изборна измама.

Инаку, се очекува тој тип на гласање преку пошта да има голема улога на претстојните претседателски избори во САД, во ноември годинава, поради стравот на многу Американци да излезат на гласање среде епидемијата на коронавирус.

Трамп ги обвини демократите дека го користат Ковид-19 за крадење на изборите.

Она што го прават тие е да го користат Ковид за да ги украдат избори. Тие го користат Ковид за да го измамат американскиот народ, целиот наш народ, да ги украдат фер и слободните избори, рече тој.

Единствениот начин да ни ги земат изборите е ако се тие лажни избори. Но ние ќе победиме“, рече Трамп!

За разлика од 2016 година, Трамп влегува во претседателските избори во 2020 година со целосна поддршка од водечките републиканци, иако заостанува во анкетите во клучните држави на САД.

Конвенцијата, што се одржува во време кога епидемијата на коронавирус однесе животи на повеќе од 170.000 Американци, ќе биде клучна за обликувањето на пораката за кампањата на Трамп заснована на културни поделби, национализам и економски напредок.


Напишете коментар