Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го постави шефот на Центарот за борба против тероризмот, Кристофер Милер, на позицијата министер за одбрана, наместо Марк Еспер.

Тој најави дека Милер ќе биде вршител на должноста министер за одбрана и дека одлуката ќе стапи на сила веднаш.

Трамп ги објави кадровските промени на социјалната мрежа Твитер, а во објавата му се заблагодари на Еспер за неговата служба.

Одлуката на Трамп уследи по шпекулациите во медиумите за потенцијалното заминување на Еспер од Белата куќа. На 6 ноември, „Хил“, повикувајќи се на анонимни извори, објави дека Еспер може да биде меѓу членовите на администрацијата што Трамп ќе ги разреши, без оглед на резултатот од изборите, или дека дури може и самиот да си поднесе оставка.

„Хил“ тогаш објави дека Доналд Трамп подготвува чистка и дека на удар се шефовите на безбедносните служби – државниот секретар за одбрана Марк Еспер, директорката на ЦИА Gина Хаспел, шефот на ФБИ Кристофер Вреј и други

Еспер и Трамп во последно време имаа многу несогласувања, како што е противењето на Трамп да ги преименува касарните со имиња на лидерите на Конфедерацијата од Граѓанската војна, по антирасистичките протести. Исто така, Трамп и Еспер се судрија околу барањето на Трамп армијата да интервенира за време на протестите што ги потресоа американските градови.