Претседателот на САД, Доналд Трамп накратко и се обрати на нацијата пред да замине во воена болница каде беше префрлен поради симптоми на коронавирус.

Сакам да им се заблагодарам на сите за нивната голема поддршка. Одам во болницата Валтер Рид, мислам дека сум добро, но ќе се погрижиме работите да успеат. Првата дама е исто така многу добра. Ви благодарам уште еднаш, никогаш нема да го заборавам ова – рече Трамп во видеото објавено на Твитер.

Доналд Трамп се исплашил откако открил дека е позитивен на коронавирус, пренесува Си-Ен-Ен, а неговата дијагноза дополнително го вознемирила бидејќи преку ноќ развил симптоми, односно имал треска, пренесува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на личност блиска до американскиот претседател.

Доналд Трамп има треска од утрово, изјави за Си-Ен-Ен лице запознато со ситуацијата, додавајќи дека претседателот има лесни симптоми на коронавирус. Лекар од Белата куќа ја опиша состојбата на Трамп велејќи дека тој е „уморен“.

Си-Ен-Ен исто така известува дека Трамп добил доза на Регенерон како мерка на претпазливост. Тоа е коктел со антитела, лек што е во клинички испитувања, но сè уште не добил одобрување од регулаторот. Покрај тоа, тој исто така зема цинк, витамин Д, фамотидин, мелатонин и аспирин.

фото: voanews