Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека се намерно се скриени резултатите за ефикасноста на вакцината против коронарна вирусот на компанијата „Фајзер“ за тој да не победи на изборите.

Во серија твитови, Трамп изјави дека компанијата „Фајзер“ и другите само чекале да завршат изборите за да се објави откривање на ефикасна вакцина против вирусот корона.

Тие немаа храброст да го сторат тоа порано, напиша Трамп, додавајќи дека американската агенција за лекови (ФДА) требаше тоа да го објави порано „не од политички причини, туку за да може да се спасат животи“.

Трамп исто така тврди дека ФДА и Демократската партија не сакале „тој да забележи победа со откривањето на вакцината, и затоа чекаа пет дена за да ја објават веста“.

Во оваа прилика тој се осврна и на Џо Бајден, кој според проекциите на американските медиуми е победник на претседателските избори, наведувајќи:

Да беше Бајден претседател, немаше да имате вакцина уште четири години, ниту ФДА ќе ја одобруваше толку брзо. Бирократијата би уништила милиони животи.

“Фајзер“и германски „Бионтек“ во понеделникот објавија дека вакцината против вирусот корона на која работат, според првите резултати од тестирањето во третата, последна фаза, која е во тек, е ефикасна 90 проценти.

Тој исто така ги обвини медиумите за „предвидување на изборните резултати, кои беа толку лоши што тие всушност претставуваат мешање во изборите“.

И тие ќе бидат тука повторно за четири години за да повторат сè, заклучи Трамп.