Според анализата на царинските податоци, компаниите на Доналд Трамп купиле повеќе од осум тони кинеска стока во последните 12 месеци!

Претседателот Трамп многу остро се однесува кон Кина и вели дека секој Американец ќе има корист од неговите трговски преговори со Кина. Меѓутоа, повеќе од 6 тони кинески маси беа доставени во Trump International хотелот во Њујорк.

Дополнителна испорака од два тона дрвени и стаклени витрини пристигна во Националниот голф клуб Трамп во Лос Анџелес од Шангај пред само два месеци. Во меѓувреме, Трамп се повеќе ја напаѓа Кина поради пандемијата на коронавирус. Тој твита за неспособноста на Кина и ги обвинуваше за „масовно убиство“ низ целиот свет, два дена откако пристигнаа витрините и комодите во Лос Анџелес.

Сепак, Трамп вели дека тој го оставил водењето на деловната империја на своите синови, но тој не се откажал целосно од контролата врз компаниите во кои има акции. Увозот на кинеска стока е во спротивност со економскиот национализам на неговиот слоган „Да ја направиме Америка повторно голема“.

Кинеските набавки на компаниите на Трамп се во спротивност со пораките на членовите на неговиот кабинет, кои ги предупредуваат Американците да бидат внимателни во правење бизнис со Кина.


Напишете коментар