Американскиот претседател Доналд Трамп накратко беше излезен надвор од воената болница Валтер Рид каде беше хоспитализиран поради коронавирус.

Околу 23 и 30 часот по средно европдко време, Трамп беше виден во конвојот возила што минуваа многу бавно пред болницата каде што се собираат приврзаниците на Трамп.

Трамп беше во едно од возилата и со маска на лицето им мавташе на своите гласачи и фанови.

Тоа е изненадување што тој го објави во видео на Твитер. Го објави 15 минути пред да ја напушти болницата.

По ова кратко патување, Трамп се врати во болницата.

Претседателот Трамп тргна во кратко возење да ги поздрави своите приврзаници пред болницата и сега се врати во претседателскиот апартман во болницата Валтер Рид, соопштија од секторот за односи со јавноста на Белата куќа, нешто пред полноќ по европско време.