Американскиот претседател Доналд Трамп, размислува да ја објави својата намера да се кандидира за претседателските избори во 2024 година, за време на церемонијата на инаугурацијата на Џо Бајден, на 20 јануари 2021 година, објави „Дејли бист“, повикувајќи се на свои извори.

Според нив, Доналд Трамп разговарал со своите советници за прашања поврзани со почетокот на неговата изборна кампања скоро четири години пред изборите.

Трамп исто така може да ја објави својата намера да учествува на изборите во претпоследната недела од јануари, доколку официјално биде потврдена победата на Бајден на општите избори на 3 ноември, забележува порталот.

Околу 47 отсто од Американците го поддржуваат учеството на актуелниот шеф на државата во претседателската трка во 2024 година, покажуваат претходно објавените резултати од анкетата спроведена заеднички од весникот Хил и Харис рисрч сервис.