Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Америка е принудена да купува нафта од Русија поради демократите кои се противат на изградбата на цевковод за транспорт на енергија.

Тоа го изјави на митингот во Њу Хемпшир, велејќи дека целиот регион на Нова Англија, на североистокот на САД, има највисока цена на електричната енергија токму поради тоа.

Електричната енергија е најскапа во Нова Англија. А знаете зошто? Бидејќи гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, не дозволува да се постави цевковод низ горниот дел на таа американска држава, така што и нафтата и гасот можат да поминат таму, рече тој.

Трамп ги праша присутните дали се свесни за тоа од каде земјите кои се дел од Нова Англија купуваат нафта, нагласувајќи дека горивото за нивните потреби доаѓа од Русија.

Медиумите потсетуваат дека Соединетите држави минатата година купувале во просек околу 515.000 барели на ден од Русија.

Во исто време, се наведува дека вкупниот увоз на руска нафта и нафтени деривати во Америка изнесувал околу 13,8 милијарди долари.

Регионот Нова Англија се состои од шест држави: Мејн, Вермонт, Њу Хемпшир, Масачусетс, Конектикат и Род Ајленд. Најголемиот град во регионот, како и најголемиот економски и културен центар е Бостон.


Напишете коментар